Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ со поддршка на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извоз, денеска организира конференција на тема „Дигитализацијата како одговор на актуелната криза“.

Како што информираат од МАСИТ, на настанот ќе се зборува на темата дигитализација и како таа влијае, делува и помага во време на актуелната криза, со презентирање на иновативни теми, трендови и решенија кои се достапни на пазарот од страна на ИКТ компаниите, споделување на искуства и добри пракси на тема дигитализација од страна на еминентни експерти од земјава и регионот.

Организаторите најавуваат дека на настанот ќе учествуваат претставници од домашни и странски ИКТ компании, компании од сите индустрии кои користат ИКТ решенија, претставници од државни институции и министерства, претставници на донаторската заедница, професори и претставници на универзитетите кои образуваат ИКТ кадар, медиуми и други.