„Да се подобри квалитетот на животот во нашиот матичен регион, Југоисточна Европа, е една од клучните стратешки цели на НЛБ групацијата. На овој пат тргнавме решени да создадеме подобар свет, да оставиме подобри траги во регионот што го сметаме за наш дом, и исклучително сме горди што нашите напори и нашиот напредок се препознаени на начин што не оставаат никаков сомнеж во очите на инвеститорите и јавноста“, нагласи извршниот директор на НЛБ, Блаж Бродњак, откако НЛБ д.д. го доби својот прв рејтинг за Управување со животна средина и социјални аспекти (ESG) од една од светските, водечки независни фирми за истражување, рејтинг и податоци во оваа област, Sustainlytics.

Во декември 2022 година, НЛБ д.д. доби рејтинг од 17,7 за Управување со ризици по животната средина и социјални аспекти. Од страна на Sustainalytics беше оценето дека НЛБ е со низок ризик од материјални и финансиски влијанија од факторите кои се дел од управувањето со животната средина и социјалните аспекти (ESG) поради средната изложеност и силното управување.

„Компанијата е позната по своите силни перформанси на корпоративно управување, што го намалува нејзиниот севкупен ризик. Понатаму, компанијата немала значителни контроверзии“, објаснува Sustainalytics.

Дополнително, рејтингот за Управување со ризици по животната средина и социјалните аспекти, ја става НЛБ меѓу 15-те проценти од најдобрите банки, оценети од компанијата.

Рејтингот за Управување со ризици по животната средина и социјалните аспекти, слично на кредитниот рејтинг, е мерење на работата на компанијата, кое наместо на кредитната способност се фокусира на исполнување на стандардите во областа на животната средина (E), социјалните аспекти (S) и управувањето (G). Во финансискиот свет тоа станува сè поважна категорија, која инвеститорите и аналитичарите сè повнимателно ја следат и на основа на тоа проценуваат во кои компании да инвестираат, а во кои не. НЛБ е првата банка со седиште и ексклузивен стратешки интерес во Југоисточна Европа која го има добиено овој рејтинг, како и прва меѓу компаниите котирани на Љубљанската берза.

„Иако не ни недостасува дискусија за одржливост, рејтингот за Управување со животната средина и социјалните аспекти (ESG) сè уште е релативно малку познат во нашата средина. Затоа, не е чудно што НЛБ, како пионер и компанија која се стреми да биде движечка сила на развојот и напредокот во регионот на ЈИЕ, беше првата што се справи со овој предизвик“, објасни извршниот директор на НЛБ. „Оценките за ESG не се само празно ‘слово на хартија’ – тие се резултат на ревизија од независни и светски познати експерти, тие се поттик за нас и ги охрабруваат нашите засегнати страни да им веруваат на нашите деловни одлуки и активности“, додава тој.

Напорите на НЛБ во областа на одржливоста ги опфаќаат еколошките, социјалните и управувачките аспекти. Да наведеме само неколку:

Изминатава година ја поставивме Рамката за одржливост на НЛБ Групацијата, насоките и целите на одржливиот бизнис, одржливото финансирање и придонесот кон општеството.

НЛБ е првата банка од Словенија која се обврза на Принципите на ОН за одговорно банкарство, а пролетта оваа година се приклучи на „Net Zero Banking Alliance“ на Обединетите Нации, чија цел е да ги усогласи кредитните и инвестициските портфолија со достигнување на нула нето емисии до 2050 година или порано.

НЛБ со децении важи за еден од најголемите и најистакнатите промотори и спонзори на спортски здруженија и настани во Словенија, а пред сè, горди сме на долгогодишниот проект Младински спортови.

Инвестираме во културата и културното наследство – Банкариумот, првиот банкарски музеј во Словенија на пример, беше отворен во јуни 2021 година под покровителство на НЛБ.

Ги препознаваме можностите и одговорноста за помагање на економијата и надвор од рамките на банкарството, како што покажа проектот #РамкаЗаПомош.

Донираме за социјално загрозените групи

Интензивно се залагаме за еднакви можности и независно и професионално корпоративно управување.