Поевтинувањето на основните прехранбени производи почна, но се уште е далеку од посакуваните 12% кои ги најави Владата. Откако добија пониска цена на струјата, производителите  ветија дека ќе ги намалат цените. Освен кај некои типови леб и маслото за јадење, кои се продаваат за денар или 2 поевтино,  останатите продукти се уште се продаваат по стара цена.  Од власта велат –граѓаните ќе го почуствуваат намалувањето, кога ќе се потрошат залихите.

Маркетите не беа празни до вчера,  до пред една недела. Тие маркети имаат залихи, кои треба да ги потрошат. Тие прозиводи се набавени по други цени. Најверојатно ќе се потрошат оваа недела или на почеток на наредната недела, по што ќе се забележи дека ќе има намалување на цените на тие производи во синџирите на супермаркетите, изјави Крешник Бектеши, министер за економија.

Висока инфлација, каде цените уриваат рекорди има секаде во регионот. За да спречат понатамошен раст, Србија, Албанија, Хрватска, Словенија ги замрзнаа цените и на основните производи и на енергенсите. Словениај за 3 месеци успеа да ја намали инфлација од дво цифрена на скоро 9 отсто

Го намаливме ДДВ то на сите енергесни, на нафтатат и на електр8ичната енрегија. А во маркетите одредивме кошница каде го контролираме цените на основните прехранбени произви, изјави словенени минисетр

Експертите неколку пати алармираа дека треба да се следи искуството од регионот и наместо замарзнати маржи  владата да ги  замрзне  цените. Ако не се случи значително поевтинување, веќе се размислува и за оваа мерка.