На состанокот е најавено учество на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Мрежата на млади фармери функционира во рамки на Националната федерација на фармери. Формирана е од потребата за поголемо вклучување на младите фармери на возраст до 40 години во носење одлуки и законски регулативи со цел јакнење и подобрување на нивната општа состојба и побрзо интегрирање во општествените промени.