Откажувањето од рускиот гас поради ситуацијата во Украина Европа веќе ја чинело околу 1.000 милијарди долари, објави вчера „Bloomberg“, повикувајќи се на сопствени пресметки.

Според нивните пресметки, таквите загуби се последица од големото зголемување на цената на струјата за европските компании и потрошувачи, а американската агенција предвидува дека тоа е само почетокот на најголемата енергетска криза во последните децении, пренесува „Tass“.

По зимскиот период складиштата за гас во Европа ќе бидат празни, а со оглед на тоа дека испораките на руски гас се сведени на минимум, ќе биде тешко да се наполнат за наредната зима, наведува „Bloomberg“.

Како што наведува таа агенција, тензичната ситуација со испораките натечен природен гас во Европа ќе трае најмалку до 2026-та година, кога Катар и САД ќе можат доволно да произведат доволно од тој енергент.

Трката на ЕУ да ги наполни резервите со природен гас веќе почна, вели аналитичарот на „Bloomberg“ од скандинавската банка „Ensklida“ Бјарне Шилдроп, кој смета дека поволните услови за продавачите на гас ќе потраат најмалку уште 12 месеци.

Аналитичарите на „Bloomberg“ сметаат дека Европа ќе се соочи со остар економски пад, но не и со рецесија, ако цените на природниот гас во Европската унија повторно пораснат на 210 евра по мегават-час.

Министрите за енергетика на членките на ЕУ во четвртокот на состанок во Брисел не можеле да се договорат околу воведување на горна граница на цената на гасот, а од Брисел е најавено дека одлуката за тоа би морала да се усвои на денешниот состанок.