Руската рубља утринава падна на најниско ниво во однос на американскиот долар, во речиси 6 месеци, поради релативно ниските цени на нафтата и стравувањата дека санкциите против Русија би можеле да ја ограничат извозната заработка на земјата, пренесе Ројтерс, цитирана од БТА.
Утрово, руската валута падна за 1,3% на 65,45 рубљи за долар , што е најниско ниво од крајот на јуни. Подоцна се врати над нивото од 66 долари и се тргуваше по 66,32 долари од 11:40 часот. Во однос на единствената европска валута, рубљата падна за 0,9% до 69,70 рубљи за 1 евро во утринската трговија. Руската валута подоцна се искачи на 77,55 евра од 11:40 часот.