Цените на гасот во Европа паднаа на најниско ниво од почетокот на руската инвазија врз Украина. Тие се движат околу 77 евра за мегават час, а топлото време ја намали загриженоста за недостиг.

Цената својот пик го достигна во август, кога надмина 345 евра за мегават час, поради руското ограничување на извозот до остатокот од Европа.

Неделевата пад е забележан и на цените на нафтата на светските берзи поради зголемениот број на случаи на Ковид-19 во Кина, кој е најголем увозник на нафта во светот.

Во текот на вчерашното тргување нафтата од типот Брент се продаваше за 0,8 проценти поевтино во споредба со претходниот ден и изнесуваше 83,65 долари за барел.  Американската сурова нафта падна за 46 центи, или 0,6%, на 79,07 долари за барел.