Издадени се прекршочни казни за непочитување на Законот за трговија (30 прекршочни платни налози), на Законот за финансиска дисциплина (издадени се над 100 прекшрочни платни налози), на Законот за заштита од пушењето (40 казни), на Законот за заштита на потрошувачите (10 прекршочни платни налози) и на Законот за вршење угостителска дејност (повеќе од 20 прекршочни платни налози).
Државниот пазарен инспекторат врши континуирани инспекциски надзори кај трговците на големо и трговците на мало во делот на почитување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки односно за ограничување на маржата (извршени повеќе од 300 надзори). Секое отстапување од највисоко утврдената маржа од 5% и 10% во трговијата на мало и трговијата на големо се санкционира.
Во јануари не се забележани отстапувања од предвидените ограничувања за маржата.