Економијата на Австрија ќе ја задржи високата динамика и ќе расте оваа година посилно отколку што беше прогнозирано.

 

Економскиот институт Wifo прогнозира 3,2 проценти, а IHS 2,8 проценти реален раст.

 

Побрзиот и посилен раст ќе придонесе за понатамошно намалување на невработеноста, а поголемо намалување се прогнозира за наредната година.

 

Откако невработеноста минатата година се намалила на 8,5 проценти, оваа година би требало да падне на 7,7 проценти, а во 2019 на 7,3 проценти.

 

Растот на австриската економија ќе го поттикнат пред се побарувачката во странство, инвестициите и потрошувачката на приватните домаќинства.