Според најновите податоци на Aмериканското Министерство за финансии државниот долг на САД првпат го надмина износот од 21.000 милијарда долари.

 

Во септември минатата година долгот достигна 20.000 милијарди долари, додека на 20 јануари 2017 година, кога Доналд Трамп ја презеде претседателската функција, се движеше околу 19.000 милијарди долари.

 

Американскиот претседател тогаш вети дека „во рок од осум години ќе го елиминира јавниот долг“, а минатиот месец и овозможи на Владата неограничено задолжување до 1 март 2019 година.

 

Се очекува и даночните резови, во износ од 1.500 милијарди долари и двегодишниот договор за буџетот кој го усвои Конгресот, да придонесат за зголемување на буџетскиот дефицит и јавниот долг на САД.