Кинескиот премиер вети поголемо отворање кон националната економија.
Тој прецизираше дека националата индустрија ќе биде целосно отворена за странска конкуренција, со подобра заштита на интелектуалната сопственост.
Кина никогаш нема да се стреми кон експанзија и хегемонија во светот, посочи Ли на прес-конференцијата по повод крајот на годишната сесија на кинескиот парламент.
Што се однесува на најавените зголемени царински давачки при увоз во САД, Ли потенцираше дека Пекинг не сака трговска војна со Вашингтон. Тој вели дека Кина ќе преземе мерки за постигнување побалансирани трговски врски со САД.
Пеникиг не сака голем американско-кинески трговски дефицит, рече Ли, додавајќи дека Кина се надева дека САД ќе ги укинат извозните ограничувања на Кина за висока технологија.
Ли, најави дека Кина ќе продолжи да го редуцираат соодносот меѓу долгот и БДП и додаде дека земјата е способна да ги предвидува финансиските ризици.
Основите на кинеската економија се здрави, а финасискиот систем е стабилен заклучи ЛИ.