Амазон, до неодамна, како и многу други технолошки компании, постојано вработуваше нови луѓе, а бројот на вработени во таа компанија ширум светот порасна на дури 1,5 милиони. Но, ситуацијата радикално се промени во последната година.
Откако неодамна најави отпуштања за 18.000 вработени, компанијата Амазон сега објави дека уште 9.000 вработени ќе останат без работа.
Според извршниот директор на Амазон, Енди Џеси, компанијата планира да отпушти дел од вработените во наредните недели.
Според Блумберг, кратењата пред сè ќе се одразат на центарот за обработка на податоци на Амазон Web Services, кој обезбедува услуги од областа на компјутерски клауди, човечки ресурси, рекламирање и групи од стриминг сервисот Twitch.
Околу 400 луѓе ќе останат без работа само во Twitch, стриминг платформа која е особено популарна меѓу гејмерите и која Амазон ја купи во 2014 година за околу 1 милијарда долари. Отпуштањата беа објавени само неколку дена откако долгогодишниот извршен директор на компанијата Емет Шир го објави своето заминување од лидерската позиција.
Амазон, до неодамна, како и многу други технолошки компании, постојано вработуваше нови луѓе, а бројот на вработени во таа компанија ширум светот порасна на дури 1,5 милиони. Но, ситуацијата радикално се промени во последната година – наместо да се борат за работници, повеќе компании сега масовно отпуштаат луѓе.
Компанијата речиси двојно го зголеми бројот на вработени во изминатите две години, бидејќи побарувачката за онлајн услуги се зголеми поради пандемијата на коронавирус. Сепак, растот на приходите на компанијата забави со укинувањето на рестрикциите.