Во Берово извршена промена на градското осветлување со поставување на нови енергетски ефикасни лед светилки на неколку улици во градот Берово, информираа од Општината. Целта на активностите како што додадоа е подобрување на осветлувањето во вечерните часови, во централното градско подрачје.
– Новите енергетско-ефикасни лед светилки, се подолготрајни и погодни за зачувување на животната средина. Со нивно поставување извршена е замена на досегашното градско осветлување на улиците „Маршал Тито“ и „23 Август“ во Берово, истакнаа од Општината.
Активноста како што додадоа се реализира во рамки на Програмата за одржување на уличното осветлување.
– Новите светилки, ќе придонесат за заштеда на енергија и значително ќе ја подобрат видливоста во вечерните часови, ќе се зголеми безбедноста на пешаците и возачите, додадоа од Општината
Од Буџетот на општина Берово, согласно склучениот договор по спроведената постапка за јавна набавка, за оваа намена, ќе се потрошат околу 500.000 денари. вс/ир
Берово, 5 април 2023 (МИА)