На светските пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути стагнираше минатата недела, додека курсот на еврото се уште се движи околу 1,10 долари, што е највисоко ниво во една година во однос на американската валута. Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела ослабна за благи 0,04 отсто, на 101,67 поени.
Истовремено, доларот ослабе за 0,32 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1.102 долари и од почетокот на април порасна за приближно 1,5 отсто. Последниве денови пазарните учесници интензивно шпекулираат на девизните пазари за следните потези на американските и европските централни банки. Така, 86 отсто од учесниците на пазарот проценуваат дека следната недела ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки за 0,25 процентни поени, како што тоа го направи на последната седница.
Зголемувањето на каматните стапки го поткрепуваат податоците објавени во петокот за растот на индексот на цените на расходите за лична потрошувачка во САД за март за 4,2 отсто на годишна основа. Иако тоа е најбавната стапка на раст на тие цени од мај 2021 година, таа сè уште е далеку над целта на ФЕД за инфлација од 2 проценти.
Од друга страна, минатонеделниот податок дека растот на БДП на САД забави на годишно ниво од 1,1 отсто во првиот квартал, што е значително послаб отколку во четвртиот квартал од 2022 година кога се зголеми за 2,6 отсто, ги поддржува очекувањата дека ФЕД ќе остане со зголемување на каматните стапки за 0,25 отсто, како што направи на минатата седница, а не за половина процент.