Колкави се минималните плати во светот, вечно прашање со кое се борат светските економии за одржување на буџетите и стопанствата. Според светските анализи граѓаните на одредени земји имаат плати и до 28 пати помали од другите. Минималната плата претставува најмал износ на плата исплатена на работникот и треба да ги обезбеди основните потреби на секој вработен. Но, поради инфлацијата се јавуваат финансиски проблеми кај граѓаните ширум светот, а најсиромашните слоеви на општеството, односно работниците со минимална плата се најпогодени.
Во околината најниска минимална плата има Албанија со 260 евра, Северна Македонија е со 327 евра, а по неа е Србија со 341 евро. Во Бугарија минимална плата изнесува 260 евра. Разликата е голема од држава до држава, но сепак едно е јасно, сумата минималец не е сума која на граѓаните може да им обезбеди пристоен живот.
На пример, според истражувањето на Пикоди на кое се повикува AJB, на вработените во Нигерија им се гарантира минимална плата од 67 евра, а во Узбекистан четири евра повеќе.
За разлика од нив, работник во Австралија ќе добие минимум 1.982, а во Луксембург 2.097 евра.
Во регионот најниска плата има Албанија со 260 евра, потоа е Бугарија – 309 евра, Босна и Херцеговина – 304 евра, Северна Македонија – 327 евра, Србија – 341 евра Црна Гора – 450 евра Хрватска – 560 евра Грција – 613 евра.
Јануарски минимални плати во земјите ширум светот:
Турција – 448 евра
Молдавија – 176 евра
Латвија – 544 евра
Нигерија – 67 евра
Пакистан – 109 евра
Романија – 385 евра
Германија – 1.562 евра
Белорусија – 185 евра
Мексико – 309 евра
Русија – 220 евра
Белгија – 1.479 евра
Естонија – 690 евра
Азербејџан – 182 евра
Луксембург – 2.097 евра
Словачка – 561 евра
Франција – 1.352 евра
Велика Британија – 1.671 евра
Чешка – 630 евра
Нов Зеланд – 1.829 евра
САД – 1.519 евра
Узбекистан – 71 евра
Од приложеното гледаме дека разликите се драстични, и дека граѓаните на одредени земји имаат плата и до 28 пати помала од другите.
Во таа насока, синдикатите и организациите за заштита на работничките права се соочуваат со голема борба, бидејќи во многу земји минималната плата не е доволна за да им обезбеди на вработените достоинствен живот.
Извор: Слободен Печат