Постепено стабилизирање на цените и пад на инфлацијата се очекува до крајот на 2023 година. Економските експерти се оптимисти дека состојбата во земјава полека се враќа во нормала, иако цените не се на ниво како пред неколку години.

Според Цветановски од АЦИ Македонија, важен фактор за падот на инфлацијата е и пазарот на енергенси кој минатата година претпре значајни промени.

Универзитетскиот професор Борче Треноски вели дека државата мора да биде особено внимателна во своите постапки, бидејќи и домашните фискални политики влијаат на инфлацијата.

Каматните стапки  и инфлацијата се тема на панел-дискусијата што се организира во рамки на годишното собрание на АЦИ Македонија.