Николас Мадуро претседателот на Венецуела најави дека од 4 јуни во оптек ќе бидат пуштени нови банкноти, кои ќе имаат три нули помалку од сегашните.
– Одлучив да укинам три нули, да ги исфрлам од оптек актулените банкноти и монети и во промет да ставам нови од 4 јуни, изјави Мадуро.
Најголемата банкнота ќе биде 500 боливари од јуни.
Вредноста на таа банкнота, според официјалниот курс, ќе биде 11,3 долари, а по црниот курс 2,1 долар.
Целата на таа мерка е борба против хиперинфлацијата.
Тоа значи дека боливарот за изминатите десет години ќе изгуби вкупно шест нули, бидејќи во 2008 година, во време на поранешниот претседател Уго Чавез, владата веќе укина три нули, воведувајќи и нова валута- „боливaр фуерте“.