Кина се разви во глобална сила кога станува збор за производство и продажба на електрични автомобили, но се чини дека постои и темна страна на овој успех. Едно видео објавено на YouTube прикажува огромни полиња на кои се наоѓаат илјадници напуштени кинески електрични возила. Меѓу автомобилите се примероци на модели на Geely Kandi K10, Neta V и BYD e3, кои се паркирани во еден од дистриктите на истокот на Кина. Сцените се навистина интересни, посебно бидејќи белата боја прекриена со слоеви на прашина, додека пневматиците се прекриени со треви. Ентериерот е практично во фабрички совршена состојба, а на седиштата има најлонска заштита. Сите автомобили имаат регистарски ознаки, а јутјуберот кој го споделил ова видео снимено со дрон, тврди дека кинеските производители на електрични автомобили ги регистрираат возилата и тврдат дека ги продале со цел да прикажат поголеми бројки и да добијат субвенции од државата.

evgraveyard1

Во друго, поврзано видео, образецот за регистрација ја открива големината ан парцелата на која се наоѓа вишокот на автомобили оставени да пропаѓаат. Теренот е поголем од 15.000 квадратни метри. Одредени медиуми пишувале за слични инциденти од 2018 година во Шангај, најголемиот кинески град и глобален финасиски центар, но тогаш станувало збор за велосипеди. Имено, откако концептот sharing за велосипеди достигнал пик во Кина во 2017 година, понудата значително ја надминала побарувачката, а резултатот биле огромни вишоци на велосипеди. Слична судбина веројатно имаат доживеано и дел од овие автомобили, бидејќи постои можност да припаѓаат ан пропаднатот сервис за car sharing, па така може да се објасни постоењето на овие „гробишта на автомобили“. Некои од снимките се стари и две години, а локалните медиуми истакнуваат дека напуштените автомобили потекнуваат од 2019 година. Сепак има и такви од 2021 година. Моменталната состојба со „гробиштата на автомобили“ не е позната, како ни одговорот на прашањето дали некои од овие автомобили „се вратени во живот“.

evgraveyard2