Џиновска бела крава неодамна беше продадена на аукција во Бразил за неверојатна цена, соборувајќи ги сите рекорди. Станува збор за крава од расата Нелоре, која е најбарана во светот.
Имено, една третина од сопственоста на кравата со необичното име Viatina-19 FIV Mara Imóveis е продадена на аукција за 1,44 милиони долари, со што нејзината вкупна вредност достигна 4,3 милиони долари.
Половина сопственост на 4,5-годишна крава продадена во 2022 година за околу 800.000 долари.