ДА, за зголемување на платите, но неопходни се реформи за ефикасна администрација. Покачувањето беше неизбежно за да се задржи стандардот, кој им го изеде инфлацијата, но граѓаните и бизнисот да не очекуваат дека административците ќе станат попродуктивни, велат експертите.

Нотирана дека е преобемна, партиска и неефиксна од сите меѓународни релевантни институции, до сега ниту една влада не успеа да ја намали и реформира јавната администрација, која брои 127 илјади лица.

Мерењата на сите релевантни меѓународни институции кажуваат дека ефикасноста на јавната администрација не е ни 20% на вработените во јавниот сектор. Но тоа не значи дека се мрзеливи, туку дека немаат систем на управување. Од друга страна, морам да кажам дека сме единствени во светот, каде имаме администрација, која со месеци не се појавува на работа, веројатно работи во странство – а зема плата. Неопходни се реформи од корен, изјави Миле Бошков, Бизнис  Конфедерација.

Вчера владата и Синдикатот потпишаа нов Колективен договор, со кој цел јавен сектор од септември ќе добие зголемување од 10% , како и регрес за годишен одмор до крајот на годината. Зголемување во 2025 ќе добијат и функционерите, чии плати годинава пораснаа за 80%.

Согласно Колективниот договор,  избраните и именувани функционери нема да добијат покачување за 10% во септември. Ќе добијат во март 2025-та, кога ќе добиеми и ние. Но јас очекувама да бидат доблесни и да се откажат од зголемувањео од 78%, кое си го добија, изјави Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.

Незадоволни од општиот Колективен договор се вработените во здравството и образованието, кои сметаат дека проблемот во нивниот сектор нема да се реши, затоа што платите не им се усогласени и голем дел се уште земаат под минималната. Се сомневаат дека следната година во овие 2 сектори можно е да нема никакво покачување и им се крати правото на пораст на платите согласно растот на минималецот.

Инаку за зголемување на платите потребни се 3 милијарди денари или речиси 49 милиони евра. Пари, кои ќе се бараат со ребаланс во буџетот најавен за септември.