На конференцијата која ќе се одржи денес со почеток во 10:45 часот во Стопанската комора на Македонија, како дел од активностите на Проектот на УСАИД за факторинг една од главните теми на панел дискусијата е “Предностите на факторингот како алтернативен извор на финансирање што овозможува раст на малите и средните претпријатија”.

 

На почетокот на дикусијата е најавено обраќање на Дејвид Атебери, претставник на УСАИД за Македонија и на Зоран Шапуриќ, министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија.

Најавено е учество на претставници на фирми и банки, како и експерти од Македонија и странство