Во земјите во Европа наплатата на долг меѓу компаниите преку факторинг зафаќа 10 отсто од БДП, во Македонија тој процент е незначителен. Компаниите скоро и да не се информирани за можноста побрзо да го наплатат долгот преку факторинг компании, банките или осигурителните друштва и парите да ги искористат за развој на бизнисот.
Ова беше контсатирано на денешната конференција на тема „Факторинг како финансиско решение што овозможува раст на малите и средни претпријатија“ организирана од Проектот на УСАИД за Факторинг во Стопанска комора.
– Со факторингот фирмата може навреме да ги наплати фактурите без вообичаено да чека 60 до 180 дена, може да обезбеди капитал за до го води бизнисот, да ги исплати добавувачите и вработените, како и да го поттикне својот раст и развој – вели Ловре Ристевски, шефот на проектот на УСАИД.
Риствески појаснува дека со оваа алатка која им стои на располагање на компаниите се надминува проблемот со одложеното плаќање, бидејќи се скратува рокот, а парите можат да се искористат за друга намена.
– Единствено што треба да направи компанијата која треба да го наплати долгот е да побара од факторинг компанијата, банката или осигурителното друштво да ја преземе наплатата на долгот и веднаш да ги добие парите. Се разбира факторинг компанијата ќе го наплати долгот во периодот за кој е постигнат договорот, но за одредена камата – појаснува Ристевски.
Тој информира дека компаниите кои извезуваат и соработуваат со Македонска банка за поддршка на развојот (МБПР) за факторингот дознале при осигурувањето на извозот беидејќи се нуди како придружен производ од банката.
Компаниите кои веќе биле дел од проектот на УСАИД околу 80 главно имаат забелешка на високите камати.
Ова, како што изјави и министерот без ресор Зоран Шапуриќ, по конференцијата,го посочиле компаниите и на средбите со него.
Шапутиќ истакна дека подобрувањето на бизнис климата за малите исрдни компании е владин приоритет, а во тие рамки и развојот на факторингот како алатка за раздолжување на компаниите и зголемувањето на средствата во МБПР и значителното намалување на каматите
Дејан Барбутовски од факторинг друштвото А.Б.С, кој беше панелист на денешната конференција рече дека компаниите треба да знаат дека преку факторингот можат да ја одржуваат ликвидноста, но и да го финасираат растот.
– Во регионот Словенија има поразвиен пазар од другите, а процентот на наплата на долговите на ваков начин зазема достигнува три отсто од БДП или 1,2 милијарди евра. Тоа може да биде поттик и за македоснките компании – рече Барбутовски.
Проектот за факторинг на УСАИД ќе се реализира во период од три години. Започнат е во октомври 2017 година и има цел да ја зголеми конкурентноста на малите и средни компании и проширување на нивните пазарни можности преку исокористување на алтернативните извори на финасирање.
До сега ткалезните маси работилниците и конференциите ги посетиле 80 компании, што како што рече, проект менаџерот Ристевски е доволен податок дека компаниите почнуваат да се интересираат и за оваа можност на финасирање на своите проекти.