Глобалното богатство падна во 2022 година за прв пат по 14 години, се вели во заедничкиот извештај на швајцарските банки Credit Suisse и UBS.

Според Извештајот за глобално богатство, вкупното приватно богатство се намалило за 2,4 отсто минатата година на 454,4 трилиони долари, а богатството по возрасен паднало за 3,6 отсто на 84.718 долари, пренесува Fox Business.

Најголем пад на богатството е забележан во Северна Америка и Европа, главно поради растот на доларот во однос на неколку други валути и високата инфлација, изјави авторот на извештајот Ентони Шорокс.

Меѓу најголемите губитници се САД, Јапонија, Кина, Канада и Австралија, додека најголеми добитници се Русија, Мексико, Индија и Бразил. Во извештајот се тврди дека глобалното богатство ќе порасне за 38 отсто до 629 трилиони долари во следните пет години.