Паричната маса во еврозоната се намали за прв пат од 2010 година поради падот на кредитите на приватниот сектор и депозитите. Понудата на пари е еден од главните показатели што ги следи Европската централна банка за да се оцени ефектот од затегнувањето на монетарната политика, објави Рфојтерс, пренесува Пословни дневник.

Како што се суши кредитирањето и се намалуваат краткорочните депозити, се очекува забавување на економската активност и намалување на инфлаторните притисоци. За најновите бројки ќе расправа Управниот совет на Европската централна банка, кој на следниот состанок на 14 септември треба да одлучи дали ќе го паузира зголемувањето на каматните стапки за прв пат од јули 2022 година, пишува ФТ. Некои од членовите на Советот сметаат дека во услови на пад на инфлацијата, дополнителното заострување на монетарната политика непотребно ризикува да ја турне европската економија во рецесија, но други тврдат дека инфлацијата од 5,3 проценти во јули е сè уште премногу далеку од официјалната цел на ЕЦБ од два проценти годишно инфлација.

Во четврток ќе бидат објавени податоци за пораст на нивото на цените во август. Мерачот на ЕЦБ за вкупните пари во системот на еврозоната, бројката М3 која вклучува депозити, заеми, готовина во оптек и разни финансиски инструменти, се намали за 0,4 отсто до јули, што е намалување од 0,6 отсто зголемување во јуни. ричина за првиот пад на паричната маса во последните 13 години во еврозоната беше падот на годишниот раст на кредитирањето на приватниот сектор до 1,6 отсто во јули, што е најбавно од 2016 година.