Пензионерите од Свети Николе излегоа на протест и побараа линеарно зголемување на пензиите за 3.500 денари, но тоа не е нивно единствено барање.

На прво место на пензионерите е линарното зголемување од 3.500 денари, а доколку не се исполни, тогаш бараат оставки на министерката за труд и социјална политика, на претседателката на Сојузот на пензионерите и Здружението на пензионери.

Тие бараат и ревизија на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, како и бесплатни лекови.