Народната банка на Унгарија (МНБ) ја намали еднодневната каматна стапка на депозитите за 100 базични поени, на 14 отсто и очекува пад на инфлацијата.

Oва намалување е во согласност со очекувањата на пазарот и стапува на сила денес. Така, МНБ го продолжи трендот на постепено намалување на еднодневната каматна стапка на депозитите за 100 базични поени, која во јуни беше намалена од 17 на 16 отсто, а во јули од 16 на 15 отсто. Според веб-страницата на МНБ, годишната стапка на инфлација во Унгарија во јули паднала на 17,6 отсто од 20,1 отсто во јуни, пред се поради забавувањето на растот на цените на преработената храна и индустриските производи, објави Каматица.

Годишната стапка на базичната инфлација во Унгарија, исто така, падна на 17,5 отсто во јули од 20,8 отсто во јуни. МНБ очекува дека инфлацијата во земјава ќе продолжи да опаѓа и во наредните месеци, како и дека веќе наесен ќе биде едноцифрена.