Бројот на работниците во индустријата во јули годинава во однос на јули лани е поголем за 0.4 %. Во периодот јануари − јули 2023, пак, споредено со истиот период од 2022, зголемувањето е 0.8 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2023 година, во однос на јули 2022 година, бележи опаѓање од 2.7 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 0.8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 4.2 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2023 година, во однос на јули 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 12.3 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 5.0 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.7 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.7 %.