Од овој месец банките би требало да ги информират граѓаните за новите опции при отворање сметка. Со законските измени, новина во нашиот банкарски систем е воведувањето на платежна сметка за основни функции. Притоа законодавецот утврдил дека за одржување на ваквата сметка, банките нема да смеат да наплатуваат повеќе од 34 денари месечно, а за оние кои примаат некаква помош од државата, одржувањето на сметката ќе биде бесплатно.

-Со Законот за платежни улсуги и платни системи се предвидува можност граѓаните да отворат т.н. платежна сметка со основни функции. Со дебитната картичка која ќе им се издаде при отворањето на сметката, граѓаните можат неограничен број на бесплатни платежни трансакци, на пример во троговијата, како и да извршат минимум пет платежни трансакции со платен налог, вклучувајќи и траен налог, доколку примателот на средствата има смета во истата банка. Сите овие услуги ќе бидат покриени со месечниот надоместок кој не смее да биде повисок од 0,1 отсто од просекот на просечните исплатени нето плати во земајта во претходните 12 месеци (околу 34 денари во моментот). Притоа, важно е да се напомене дека доколку граѓаните примаат на пример издршка, парична помош од социјална заштита, додаток за привремена невработенсот, додаток за дете, стипендија или слично, з акористењето на наведените платежни услуги преку платежна сметка со основни функции, банката не е дозовлено да пресметува и да наплатува надоместок – објаснуваат од Народна банка на Македонија.

Банките и штедилниците треба бесплатно да ги информираат граѓаните за платежните услуги и надоместоците коишто ги наплатуваат за користењето на платежната сметка со основни функции за што се должни да им дадат информативен документ за надоместоците пред склучувањето рамковен договор. Граѓаните кои сакаат платежна сметка со основни функции треба да знаат дека таа има слични функционалности како и „обичната“ платежна сметка, со тоа што на платежната сметка со основни функции не е дозволено пречекорување, односно навлегување во т.н. „минусно салдо“.