„50 села, 50 приказни“ е насловен новиот четиригодишен проект на Владата кој годинава треба да почне со реализација. Наменет е да се помогне и поттикне руралниот туризам, социо-економски развој и културното наследство во регионите низ државата. Целта е да се влијае на намалување на иселувањата и да се зголеми бројот на туристи во селата …
Владата ќе работи на реализација на нов проект наречен „50 села, 50 приказни“. Целта е да се помогне во интегрираниот развој на руралните региони преку агро и рурален туризам, социо-економскиот развој и зачувување на културното наследство.
Очекувањата се да се намали иселувањето од овие средини преку зголемен број на туристи, обновување на туристичката инфраструктура, повеќе инвестиции, промоција на алтернативни форми на туризам и развој на авантуристички, гастро, етно, еко и ловен туризам.
Проектот треба да даде поддршка за локалните производи и услуги, традиционалните саеми, отворање повеќе и нови работни места, обука на населението за локални водичи, заштитата на културното наследство, обичаите и традициите.
Приоритетна цел е привлекување на македонски граѓани кои заминале во странство, да инвестираат во туризмот во своите родни села и на тој начин да се намали на иселувањето на младите и креирање на таканаречените зелени работни места. Временска рамка на проектот е четири години, почнувајќи од оваа па се до 2026 година.