Под покровителство на претседателот Стево Пендаровски  е возобновен Клубот на одговорни бизниси на Здружението „Конект“, во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“. 

Целта е обединување на бизнисите заеднички да практикуваат општествена одговорност во соработка со граѓанските организации.

-Корпоративната одговорност е специфика на секоја сериозна компанија. Во развиените земји во светот традицијата на корпоративна одговорност и филантропија е длабоко втемелена во основните постулати на делувањето на бизнис заедницата и од неа има корист целото општество. За жал, тоа што во развиените земји е долга традиција, кај нас се уште е во почетните фази од развојот и оттука, навистина е потребна сета можна поддршка на овие процеси, рече Пендаровски на настанот што се одржа синоќа по повод возобовувањето на клубот.