Банката на Турција размислува за огромно зголемување на каматните стапки до 10 процентни поени, што ќе ја забрза битката против упорно високата инфлација во соседната земја. Според анонимни извори блиски до Комитетот за монетарната политика кои разговараа за Ал Монитор, централната банка се подготвува да прибегне кон вакви драстични потези откако одлучи да ги зголеми каматните стапки за 750 базични поени во август. Причината е опстојувањето на инфлацијата, која само во јули се зголеми за 9 отсто на месечно ниво, анализира Катимерини.

Под нејзиното ново раководство и по последователни зголемувања, централната банка ги доведе каматните стапки на турската лира на 25 отсто од само 8 отсто во времето на претходниот гувернер. Со агресивното зголемување на каматните стапки, централната банка, исто така, се надева дека ќе им сигнализира на инвеститорите и на агенциите за кредитен рејтинг дека е решена да ја спречи инфлацијата. Во меѓувреме, турската економија продолжува да се прегрева.

Во август, инфлацијата достигна 60 отсто во споредба со истиот период минатата година, бидејќи побарувачката останува висока, како и цената на услугите, но и поради зголемувањето на даноците и платите. Во исто време, цената на увозот постојано расте, бидејќи промената на политиката по реизборот на Ердоган досега не успеа да ја зајакне турската лира. Одлучувачки фактор е зголемената цена на горивото, што постојано ги влошува очекувањата за забрзување на инфлацијата..