Народната Банка го стега ременот – од неделава се зголемува основната камата за дополнителни 0.15 процентни поени, на 6.30 проценти, што е меѓу највисоките досега.

„Одлуката за промена во каматните стапки е условена од најновите податоци и оцени за клучните показатели за монетарната политика, коишто упатуваат на постепена стабилизација, иако сѐ уште постојат ризици“, соопштија од Народна Банка

Народната Банка одлучи и благо да ја зголеми стапката за задолжителна резерва со што ќе се намалат слободните пари во оптек, но оваа мерка ќе почне да важи од декември.

Домашната инфлација и натаму е на релативно високо ниво, што претставува ризик за инфлациските очекувања, велат од Народна Банка .

Според експертите неизвесноста која произлегува од светските текови и пред се украинскиот конфликт ќе продолжи и во текот на зимата. Професорот Ванчо Узунов смета дека рестриктивната монетарна политика може да ја заузда инфлацијата, но тоа би имало сериозно влијание на намалување на економскиот раст во Македонија.

Според економската теорија, ако на некој не му е гајле може за 15 минути да ја заузда инфлацијата . Ќе се покачи каматната стапка , но тоа …

И Владата на свој начин се бори со инфлацијата, но засега никако да ја заузда. Замрзни – одмрзни цени, ограничи – ослободи маржи, воведи – укини субвенции за струја. Речиси две години игра топло – ладно и со граѓаните и со трговците и со производителите, но никако да го најде вистинскиот рецепт за стабилизација на цените.