Стопанска банка АД Битола слави 75 години постоење. Формирана како Комунална банка – Битола, која во почетокот работела само на подрачјето на овој град, низ годините растела во пелагонискиот регион, за од 1995 да почне да работи низ целата држава.

Денес, како што велат од менаџментот, Стопанска Банка АД Битола важи за мала стабилна банка.

-Банката има висока стапка на адекватност на капиталот. 21, 23% е нашата адекватност, којашто е повисока од стапката на банкарскиот систем од 18% просечна стапка. Ова докажува дека банката има висока стабилност и оттаму е атрактивна за депозиментите и клиентите, вели Александра Радевска, член на УО на Стопанска банка АД Битола.

Но како и речиси сите бизниси во земјава и тие се соочуваат со предизвици.

-За жал сите ние изминатите години бевме сведоци на големата криза со Ковидот, потоа кризата со електричната енергија. Денес банката ги надминува овие предизвици  исто толку успешно како што ги надминувала и во изминатите 75 години. Сме насочени кон раст и развој на вработените кои се клучна алака во сегментот за да бидеме успешни како банка на пазарот, вели Радевска.

Стопанска АД Битола во моментов има 20 експозутира, 220 вработени над 125.000 клиенти.