Граѓаните реагираат дека намалувањето на основните прехранбени производи во трговијата, не се почувствува на пазарите. И натаму цените на овошјето и зеленчукот за купувачите се високи, одгледувачите велат цените ги следат трошоците на производството и на живот.

Намалувањето на цените на основните прехранбени производи во трговијата, лебот, млекото, сирењето, оризот, не ги почустуваа граѓаните на Градскиот пазар. Велат и земјоделските производи, овошјето и градинарски производи се со непроменети цени. И тие постојните, за повеќето купувачи се високи.

И додека граѓаните реагираат на цените на овошјето и зеленчукот, производителите велат дека нивниот вложен труд не е соодветно вреднуван. Трошоците кои ги имаат при одгледувањето на културите биле високи. Посочуваат дека ваквата состојба ќе резултира, да има се помалку производители а се повеќе трговци и овошје и зеленчук увезени од странство.

За разлика од гарантираните цени во трговијата, воведени до Владата, такви цени нема на пазарите. Иако дел од храната за дома, се набавува таму.