На владина седница денеска треба да донесе одлука за намалување на цените на пијалоците.

До крај на неделава се очекува да биде завршена анализата со владините мерки да бидат опфатени и хигиенските производи, а за непочитување на одлуката за гарантирани цени на дел од прехранбените производи, што е во сила од минатата недела, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) веќе затвори неколку маркети.

Министерот за економија Крешник Бекшети рече дека денеска ќе има одлука за намалување на цените на безалкохолните и алкохолните пијалаци.

„За хигиенските производи најверојатно во текот на оваа недела ќе бидат завршени сите консултации и ќе видиме дали има простор да се донесат одредени мерки“ – изјави вчера Бектеши.

Со новата мерка на Владата, на над 50 производи во 24 категории од пекарската, млечната, месната индустрија, им е намалена цената за 10 проценти во однос на цената која ја имале на 1 август годинава.

Следниот месец, како што најави премиерот Димитар Ковачевски ќе бидат направени и анализите за деветиот пакет антикризни мерки кои ќе бидат насочени кон ранливите категории на граѓани и кон сите оние што во време на криза не остваруваат дополнителни приходи.