Европската Унија ја укина делумната забрана за увоз на жито од Украина, барајќи наместо тоа Киев доброволно да го спречи скокот на извозот во соседните земји.

Полска, Унгарија, Романија и Словачка побараа ограничувањата за четири житарки, вклучително и пченицата и пченката, да бидат продолжени до крајот на годината за да ги заштитат нивните земјоделци од евтината конкуренција.

Брисел заклучи дека нарушувањата на пазарот во земјите-членки на ЕУ кои граничат со Украина исчезнаа откако беше воведена привремената забрана во мај. Пркосејќи ја одлуката на Брисел, Полска и Унгарија најавија дека еднострано ќе применуваат ограничувања на увозот за да ги заштитат своите земјоделци.

Европскиот комесар за трговија Валдис Домбровски ги повика земјите-членки да работат во духот на компромисот и порача дека, секако, најдобро би било земјите-членки да се воздржат од еднострани мерки.

Европската комисија најави дека наместо формална забрана, Киев ќе воведе законски мерки во рок од 30 дена за да се избегне зголемување на извозот на жито. Истекот на забраната ќе ја смири Украина, која му се закани на Брисел со тужба.