Просечната каматна стапка на кредитите во август е непроменета, додека кај депозитите се бележи зголемување. Според податоците на Народната банка, просечната каматна стапка на кредитите во август изнесувала 5,49 проценти, додека кај депозитите изнесувала 1,55 проценти.

На годишна основа, се бележи зголемување на просечната каматна стапка и кај кредитите и кај депозитите. Кај кредитите има зголемување од 1,15 процентни поени, а кај депозитите 0,86 процентни поени.