Ограничувањето на цената за руската нафта донесена од Г7 земјите не функционира, се пожали Џанет Јелен.
Таа рече дека цените со кои се купува руската нафта се многу повисоки од ограничувањето кое го наметнаа семјите од Г7, објави Блумберг.

Ограничувањето кое Г7 го договорија беше 60 долари за барел сурова нафта од Русија и тоа им забрануваше на западните компании да издаваат осигурување за транспортот на руската нафта доколку таа се продава поскапо од таа цена.

Механизмот беше предвидено да ја натера Русија да продолжи со продажба на големи количини нафта, но по ниска цена за да се превенира глобалната цена на нафтата да расте и за да се намали заработката на Русија од извозот на нафта.

Но ниту цените на нафтата се намалија, напротив продолжија да растат на светските берзи, ниту пак се намали заработката на Русија од нафтата, напротив се зголеми нивната заработка и денес Русија заработува многу повеќе за многу помала количина продадена нафта.