Од 1 октомври на сила стапил договорот меѓу операторите на ЕУ и на Западен Балкан со кој за 30% ќе се намалат цените за роаминг на македонските граѓани во Европската Унија, информираше министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу. Освен ова намалување Алиу напомена дека во 2026 година цените за роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан ќе се намалат за уште 30 проценти, а се очекува во 2028 година цените за користење на роаминг во ЕУ да бидат исти како цените на телекомуникациските услуги кои граѓаните ги плаќаат на домашниот пазар.

„Нашите граѓани и бизнисмените од Република Северна Македонија, кога ќе одат надвор, веќе имаат 30 % помали трошоци за роаминг и обратно, граѓани од Европската Унија ќе имаат 30 % намалени трошоци за роаминг. Исто така, мапиравме активности, кои предвидуваат уште едно намалување во 2026 година за 30 % и се очекува во 2028 година цените за роаминг да бидат исти како цените на тие услуги што ги има на домашниот пазар. Тоа значи дека во 2028 година ќе имаме исти цени и во и надвор од државата“, вели Азир Алиу.