НЛБ Банка ги мотивира сите млади ентузијасти да аплицираат за практикантска работа во експозитурите на Банката и Контакт центарот.

Твоите работни цели:

  • Комуникација со клиентите за банкарските продукти и услуги;
  • Советување и подршка на клиентите при користење на услугите на Банката;
  • Активности поврзани со користење и администрирање на податоци за дигитални сервиси.

Твојот профил:

  • Универзитетско образование или студенти на додипломски/ постдипломскки студии;
  • Комуникациски и продажни вештини, желба и ориентираност за работа со клиенти;
  • Агилност, организираност и проактивност во градење добра тимска атмосфера;
  • Познавање на основни ИТ алатки, англиски јазик на основно/средно ниво.

Твој мотив да се придружиш на НЛБ тимот:

  • Практична работа во времетраење од 3 до 6 месеци во препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Можност за учење и менторство од врвни банкарски специјалисти;
  • Позитивна организациска култура и меѓусебната доверба и грижа за вработените се основни начела во работењето;
  • Mожност за практична работа на територијата на целата држава каде што Банката има експозитури.

Аплицирај со испраќање на CV на: [email protected], со назнака „Апликација за платена практикантска работа”, најдоцна до 01.11.2023 година.

НЛБ Банка те очекува!