Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултати, расте поддршката за домашните компании, соопшти владејачката партија.

„Во изминатите шест години СДСМ обезбеди рекордна државна поддршка од 100 милиони евра за 919 домашните компании, преку законот за финансиска поддршка на инвестициите. Овие компании веќе имаат реализирано инвестиции од 500 милиони евра, а уште 300 милиони се во фаза на реализација во наредниот период.

Тоа се 800 милиони евра инвестиции од македонски компании, што претставува инвестициски бум од домашни компании каков што досега не е забележан“ велат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека ќе продолжат со мерки и чекори за поддршка на компаниите, да бидат конкурентни, подготвени за отворениот пазар на ЕУ.