До 16-ти ноември тече рокот за поднесување на барања за поддршка за набавка на добиток. Сточарите кои ги исполнуваат условите имаат право на враќање на средствата во висина од 50 до 75 проценти од вредноста на инвестицијата или најмногу до 10 милиони денари по корисник.

Неповратната финансиска помош изнесува најмалку 50, а најмногу до 75 проценти од трошоците за набавката на добиток од увоз или од признати организации на педигрирани високостелни јуници за млеко и за месо со исклучок на расата Буша, како и машки и женски приплодни грла овци и кози.

Набавката треба да е направена најдоцна до датумот на завршување на јавниот повик, односно до последниот рок за поднесување на барањата кој трае до 16-ти ноември.

Еден фармер може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две од целата Програма за рурален развој, а барателите кои имаат важечки договор од претходните години и не ја реализирале планираната инвестиција, немаат право да аплицираат на овој јавен повик. Сточарите не смеат да започнат со реализација на инвестицијата пред потпишување на Договор со платежната Агенција. Електронски пополнетите барања заедно со целокупната пропратна документација се доставува преку пошта или лично во писарницата на Агенцијата.

Апликациите со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барање.