Минстерот  Бектеши ќе бара оштета од Бугарија, ако земјава биде принудена да плаќа данок за руски гас. Вели дека додека е тој министер нема да дозволи било какви условувања. Бара веднаш Бугарија да ги ослободи капацитетите на постоечкиот гасовод, со кој се поврзуваме, од закупот на Гаспром за да може тука да се внесат поголеми количини гас и од други земји, а не само руски, за кој Бугарија од скоро воведе данок. Барањето е испратено и до Софија и до ЕУ. Ако не се прифати земјава ќе се соочи со нов ценовен шок.

-Во случај ако не се ослободат капацитетите ќе ги користиме и секако ќе бараме оштета од чинителите. Утре, секоја држава може да воведува такси внатршени, но да уценуваш друга држава на воков начин е неприфатливо и спротивно на начелата на ЕУ, а јас колку што знам тие се членка на ЕУ  и тие механизми треба да ги укинат, вели Крешник Бектеши, министер за економија.

Со одлуката за воведување на данок за руски гас се опфатени и Србија и Унгарија. Но, според Бектеши тие имаат опција да добијат гас и од други места, а Македонија не е во таква положба и Бугарија тоа многу добро го знае.

Во меѓувреме се крои новата цена на парното, која ќе се соопшти до крајот на месецов. Првиот регулатор  вчера на состанот побарал од компаниите да достават нови пресметки.

-Процесот на одлуката за цената ќе се продолжи со податоци од јуни и дополнително побаравме дополнителни податоци затоа што се поминати три месеци. Така што ќе користиме податоци од претходно и од новите, кои ќе ги добиеме денеска или утре, вели Марко Бислимовски, претседател на РКЕ

Данокот за руски природен гас кој се испорачува преку територијата на Бугарија, беше воведен на почетокот на минатата недела. Изнесува 20 бугарски лева или нешто над 10 долари по мегават час, за гасот кој транзитира низ нивна територија. Според, проценките Бугарија од оваа давачка ќе заработи над 1 милијарда евра.