„Платите не растат само номинално, туку реално и одржливо. Затоа се намалува инфлацијата“, вели министерот за финансии Бесими…

Инфлацијата е висока, платите не можат да ја следат. Основните трошоци за живот тешко се покриваат со месечните примања, велат граѓаните. Го купуваат само најнеопходното и, како што посочуваат, „крпат“ во борба за егзистенција.

Министерот за финансии Бесими уверува дека платите растат и тоа не само номинално, туку реално и одржливо, затоа и се намалува инфлацијата. Ефектите од кризите се чувствуваат.

Македонската економија е мала и високо интегрирана на европскиот пазар. 160 проценти од БДП е трговијата од која 80 проценти е со ЕУ, а над половина е со Германија, која годинава е во рецесија, додава тој.

Очекувањата на Бесими се неосновани, вели поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини во време кога имаме најнизок раст во последните 30 години и од земјите од Западен Балкан, како и намалено индустриско производство.

Хајредини додава дека ставот дека парите се трошат ненаменски, не е само негов, туку и на странските амбасадори во земјава.