Боцванската државна компанија за дијаманти Окаванго привремено ја запре продажбата на необработени дијаманти како дел од напорите да се запре акумулацијата на залихи во целиот сектор поради слабата глобална побарувачка.

Ова го изјави управниот директор на компанијата Метла Масире, цитиран од Ројтерс. OДЦ, која забележа рекордни приходи од 1,1 милијарда долари во 2022 година, одржува 10 аукции годишно за да ги продаде своите 25 отсто од акциите во Дебсвана Диамонд Компани, заедничко вложување на државата Боцвана и конгломератот „Де Биерс“ на „Aнгло-Американ, пренесува БТА. Дебсвана произведе околу 24 милиони карати минатата година, од кои OДЦ доби околу 6 милиони карати. Компанијата ја откажа лицитацијата во ноември, а одлуката за декемвриската аукција допрва ќе се донесе. Секторот се бори со забавување на побарувачката за преработени дијаманти во САД и Кина, рече Масире.

„Ова е прв пат да мораме да складираме залихи затоа што не сакаме само неодговорно да пуштиме производ на пазар кој е веќе преполн“, додаде тој. Минатиот месец трговските тела во Индија, каде што се сечат 90 отсто од светските дијаманти, ги повикаа своите членови да го запрат увозот на необработени дијаманти на два месеци за да ги поддржат цените поради слабата побарувачка.