Бизнисот брои загуби поради владината мерка замрзнати цени. Се жалат дека најголем дел од суровините им се од увоз, а таму цените се високи, па сега не им е исплатливо да продаваат поевтино. Ќе побараат од владата барем да им дозволи да продолжат да продаваат прехранбени произвди на акции, затоа што граѓаните најмногу купувале тогаш.

Сите компании имаме 20 до 30% пад на продажбата откако се воведе мерката, затоа што луѓето се набвикнати да купуваат на акција. Сега ни се укинати и се воздржуваат од купување. Најгоелм дел од нашите прозивдои имаат зголемено ДДВ, па и тоа може да е причината за пад на продажбата.

Од владата пак велат – мерката замранати цени ја воведовме за да го подобриме стандардот на граѓаните, а не за бизнисот.  Бидејќи дава резултати, најверојатно ќе продолжи да важи до крајот на годината. За да нема ново поскапување кои би се наметнало со евентуално повисоката цена на гасот, кој го користат најголем дел од компаниите, министерот Бектеши вели дека веќе испрал допис до Евроспката заедница и евроспката Унија за да се преиспита одлуката во делот на количините кои можат да се набавуваат  преку Бугарија.

Ако Бугарија остане на одлуката да наплата такса над 10 долари за мегават час за транзит на руски гас, тогаш Македонија ќе бара отштета од Бугарија. Во меѓувреме, се прават и последните калкулации за новата одлука на парното греење. Регулатопрната Комисија најави дека одлуката за цената на парното ќе се знае во понеделник или вторник.