Годинешната суша предизвика голема штета на земјоделците. Им го намали родот на сончоглед, а со тоа и откупната цена. Па затоа, денеска тие побараа помош и од Владата. Поточно преку Интервентниот фонд да добијат дополнителни средства по 6-7 денари од килограм произведен и предаден сончоглед.

Фабриката „Кристал“ минатата година откупи скоро 10.000 тона македонски сончоглед, а годинава откупиле околу 4.000 тона. Извршниот директор, Горан Лазов ги поддржа барања на земјоделците, но исто така побара од Владата сончогледот да не биде луксузен производ.

Дополнително, земјоделците посочуваат дека ако Владата не им помогне, догодина немало да засејат сончоглед.