Вработените во Лидл во Германија повторно ќе добијат инфлациски бонус. Исплатата на бонусот е поврзана со 50-годишнината од овој малопродажен синџир, пренесуваат германските медиуми.

Надоместокот е поврзан со 50-годишнината од постоењето на компанијата, а вработените со полно работно време добиваат 500 евра. Оние кои се вработени вонредно, како и студенти ќе добијат по 150 евра, пренесува  магазинот „Феникс“.

Согласно германските прописи, премијата е ослободена од данок и социјално осигурување.