Власта ги повикува здруженијата, економските и социјалните партнери да учествуваат во креирањето на нови мерки кои следната година би се финансирале преку програмата за рурален развој. Годинава за оваа намена на располагање се скоро 17,5 милиони еврa.

Почнуваат подготовки за изработка на годишната Програма за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година. Министерството за земјоделство, ги повикува здруженијата и економските и социјални партнери да учествуваат и да поднесуваат предлози и иницијативи за нови мерки или за подобрување на досегашните.

Заинтересираните предлозите можат да ги испратат електронски или во архивата на Министерството, а во нив треба да има цел и начин на реализација на мерката, максимален износ по корисник и проценка на бројот на барателите кои ќе ги добијат средствата.

Годинава од Програмата за рурален развој на земјоделци им стојат на располагање 17,5 милиони евра.

Од сегашните мерки за младите кои ќе почнат сопствен земјоделски бизнис се предвидени 19,5 милиони, а 680 милиони денари се наменети за инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства.

Тука спаѓа и набавката на приплоден добиток, на пчелни матици, трактори, подигнување нови насади, пари за силоси, бунари и за системите капка по капка.

За инвестициите во преработка и маркетинг на земјоделските производи годинава се предвидени 3 милиони денари.