Објавен е повик за доделување на грантови за земјоделски задруги. Корисници на парите треба да бидат регистрирани и со седиште во Североисточниот, Северозападниот, Југозападниот и Преспанскиот регион. Висината на одобрениот грант е најмногу до 37.000, а за целиот проект, поддржан од европската ИПА програма се предвидени вкупно 260.000 евра …

До 37.000 евра, неповратни средства може да добијат земјоделските задруги за воведување етикета за квалитет на млеко и сирење, јагнешко месо, мед, овошје и за промоција и маркетинг.

Преку проектот на Европската унија од ИПА Програмата за зајакнување на модернизацијата и иновативниот менаџмент во земјоделството, задругите можат да купуваат нова опрема за додадена вредност на земјоделските производи, механизација за подобрување на квалитетот и опрема за пакување на храната.

Задругарите парите може да ги користат и за реализирање на заедничката соработка со агро-бизнис фирмите и производство за познат купувач, за маркетинг и промовирање, учество на саеми и информативни манифестации.

За оваа намена со целиот проект се предвидени вкупно 260.000 евра.

Повикот е отворен за сите земјоделски задруги регистрирани во Североисточниот, Северозападниот, Југозападниот и во регионот на Преспа.

Пријавите се доставуваат најдоцна до 10-ти ноември годинава и тоа по пошта или директно во Македонска Асоцијација на Земјоделски Задруги.